Општина Кисела Вода информира дека во понеделник од 08:00 часот можно е Драчево да остане без вода.
Од ЈП „Водовод и канализација“, соопштија дека намалениот притисок ќе биде заради дезинфекција на десната комора на резервоарот Драчево. Можниот прекин со водоснабдувањето ќе трае се до завршување на работните активности.