Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail

Се носи ДУП-от “Цветан Димов – Славија”

Рејтинг на корисник:  / 3
НајлошоНајдобро 

Општина Кисела Вода во континуитет работи на урбанизирање и развој  на општината. Во насока на урбанизирање на локацијата каде е сместена општината Кисела Вода, во моментов на јавна расправа е ДУП-от за реон Ј, четврт Ј12, Општина Кисела Вода, со кој ќе се уреди просторот помеѓу: булеварот "Македонија", улицата "Петар Дељан", улицата "Првомајска" и улицата "Есенинова, односно делот на поранешниот објект на “Славија”, делот на општинските бараки и останатите  локалитети од левата страна на булеварот. 

Опфатот е со површина од 20,93 хектари, а на оваа локација предвидена е изградба на објекти со намена за домување, комерцијални и деловни дејности, јавни институции и зеленило и рекреација.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот се одржа на ден 16.07.2013 година во 12 часот во просториите во урбана единица У.З. Цветан Димов (стара рампа), а се до 23.07.2013 година во просториите на оваа урбана заедница е изложен предлог – планот за овој четврт.

Општина Кисела Вода ги охрабрува сите правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со планот, секој работен ден во периодот од 06-14 часот, да достават писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови поврзани со овој Детален урбанистички план. За сите подетални информации, граѓаните можат да се обратат во Секторот за урбанизам и просторно планирање.

Општина Кисела Вода и во иднина ќе продолжи со носење на нови детални урбанистички планови во насока на поинтензивен развој и создавање на подобри услови за живот на граѓаните.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa