Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail

Отпочна со работа проектот “Дисперзирани базни станици“ во ПС Бутел, ПС Ѓорче Петров и ПС Драчево

Рејтинг на корисник:  / 3
НајлошоНајдобро 

Министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска денес (22.07.) во ПС Бутел го промовираше почетокот на проектот “Дисперзирани базни станици“, чија што цел е да им овозможи на граѓаните во општината во која што живеат да аплицираат за нови биометриски лични документи (лични карти, патни исправи и возачки дозволи).

На настанот присуствуваа и градоначалниците на општините Бутел, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Петре Латиновски, Билјана Беличанец - Алкесиќ и Сокол Митревски, како и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Министерката Јанкулоска нагласи дека во оваа фаза од проектот дисперзирани базни станици се отворени во полициските станици Бутел, Ѓорче Петров и Драчево, а појдовна точка во изборот пред се беа бројот на население и оддалеченоста на дел од населбите во овие скопски општини од седиштетот на Управните служби на МВР во зградата на МРТВ. Според Јанкулоска со овој проект односно преку овие пунктови ќе бидат опфатени над 167.000 граѓани од подрачјето на главниот град и околината. Исто така, министерката Јанкулоска посочи дека реализацијата на овој проект е резултат на желбите и потребите на граѓаните а со оглед на големиот интерес интенција на МВР е во наредниот период зголемување на бројот на базни станици и извршители, односно проширување на ваков вид на услуги и во други општини.

Инаку, начинот на работа и постапката во базните станици е идентичен на начинот на работа како и во Одделението за управни работи Скопје во просториите на МРТВ. Термините за граѓаните ќе бидат подредени и закажани преку “Повикувачкиот центар“ кој по  електронски пат ќе ги испраќа  списоците на закажаните  странки директно во посочените пунктови. Работното време ќе биде од 10.00 часот до 18.00 часот, а покрај тоа што граѓаните ке можат да поднесат барање за лични документи, исто така ке можат и да си ги подигнат документите  по нивна  изработка.

Единствени услуги што во овие пунктови не ќе може да се дадат ќе бидат барањата за изработка на личните документи по итна постапка, поради законскиот рок на изработка од 48 часа, како и барањата за прва возачка дозвола. Наплата за административни такси и образци, ќе може да се направи и со кредитна картичка на Пос-терминалите кои веќе се инсталирани во пунктовите.

Преземено од: mvr.gov.mk

Фото: МИА

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa