По известување од ЈП Водовод и канализација, Општина Кисела Вода информира дека поради уличен дефект на цевка од Ф-150 мм на улицата Рилски Конгрес 126, водоснабдувањето ќе биде прекинато за корисниците од улиците Рилски Конгрес, Пржино, Кавалска и Благоја Гојан. Прекинот од водоснабдување започна во 09:45 часот и ќе трае до завршување на дефектот.
Поради изведување на водоводен Ф-150мм на улицата Христо Татарчев 47, пак, утрово од 9 часот со прекинато водоснабдувањето се корисниците од кулите во Расадник во населбата Кисела Вода.
Прекинот со водоснабдување ќе трае до завршување на работите.