На вчерашниот одигран натпревар екипата на Јуниор Кисела Вода во рамки на деветтото коло од Првата лига група 2, ја совлада екипата на РК Куманово, со резултат 28:25.
Со оваа победа ракометарите се вратија на првата позиција која води во плеј офот за разигрување за во Супер лигата. Најдобар стрелец на натпреварот беше Марио Гичев со 12 постигнати погодоци.
Следниот натпревар клубот од Кисела Вода ќе го игра на гостински терен во Богданци против екипата на Младост 09, која исто се бори за место во плејофот.