Кошаркарите на Академија ФМП на гостински терен убедливо ја победија екипата на КК Крива Паланка, со резултат 60-106.
Со оваа победа клубот од Кисела Вода позициониран е на третото место на табелата со еднаков број на бодови со КК Карпош Соколи на втората позиција и КК МЗТ Скопје Аеродром на четвртата позиција со еден натпревар помалку од прво пласираниот тим на КК Борец од Велес.
Имено, на натпреварот од Академија ФМП со најмногу поени се издвоија Ѓорѓи Ристовски (23), Мартин Ристевски (19) и Александар Јовановски (17).