Општина Кисела Вода на сите граѓани им го честита 13 - ти Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје од фашистичкиот окупатор.
На денешен ден пред точно 74 години македонските партизани од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та македонска бригада по неколкудневни тешки борби водени со окупаторските сили го ослободија Скопје од фашистичка окупација. За ослободувањето на градот заслужно било и населението кое во тие тешки денови им давало голема помош на партизанските бригади.
Одбележувајќи го овој ден се сеќаваме за херојството на македонските партизани кои со својата борба за слобода придонесоа градот Скопје денес да се развива и да прерасне во вистинска метропола.
Нека ни е честит 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје од фашистичка окупација.