Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail

Легализацијата на дивоградби во Кисела Вода продолжува со засилено темпо

Рејтинг на корисник:  / 3
НајлошоНајдобро 

Процесот на интензивно решавање на предметите за легализација во Општина Кисела Вода продолжува. Со 11-то јавно доделување на 36 нови решенија за легализација, бројот на легализирани дивоградби се искачи на 1833. Од вкупно регистрираните 11.872 дивоградби за кои е поднесено барање за легализација во Општина Кисела Вода, 5.064  предмети се во административна постапка, а 4.946 предмети се незапочнати, односно се со нецелосна документација. Токму затоа, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ ги потсети граѓаните кои сеуште не ја комплетирале целосно потребната документација, тоа да го сторат што поскоро, како би можеле во најкраток можен рок да ги легализираат своите дивоградби, а процесот на легализација да заврши во законски утврдениот рок.

-“Ова постојано го потенцирам бидејќи со законските измени, крајниот рок за доставување на геодетскиот елаборат е Јуни 2014 година. Тоа треба да биде силен сигнал за сите наши сограѓани да не губат време и да изготват геодетски елаборат, по што општината ќе може да го заврши предметот за легализација во нивни интерес и конечно да изготви решенија за легализирање на овие објекти” – изјави Беличанец - Алкесиќ.

Таа напомена дека Општина Кисела Вода целосно ја имплементира политиката на “отворени врати”, со која им овозможува на сите граѓани целосен преглед во документацијата и процесот на решавање на нивниот предмет.

Во изминатиот период општината го зголеми бројот на комисии кои излегуваат на терен, а со воведувањето на практиката за делење на решенија на неделна основа, двојно е зголемена ефикасноста во решавањето на предметите.

- “Легализирањето на дивоградбите нуди поволности за сите. Од една страна, граѓаните конечно и формално-правно ќе располагаат со своите имоти, а локалната самоуправа од друга страна, ќе има широко отворени раце за носење на нови детални урбанистички планови со кои ќе го трасира успешниот урбанистички развој” - заврши Беличанец - Алексиќ.

Праксата за делење на решенија за легализација на неделна основа ќе продолжи и во следниот период, а во досегашните три месеци поделени се преку 450 нови решенија за легализација.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa