Општина Кисела Вода информира дека утре во временскиот период од 08:30 до 09:30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улицата „1520“ во населбата Пинтија. Во исто време без струја ќе бидат и корисниците од поголем дел од стопанските објекти приклучени на трафостаницата „Пинтија 5“.
Додека од 09:00 до 11:00 часот струја ќе немаат корисниците од улицата „Саса“ бр. 18 краците и подулиците.
Прекините ќе бидат заради изведување планирани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.