Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail

Паркот на бранителите во Драчево свечено ќе се отвори во недела

Рејтинг на корисник:  / 3
НајлошоНајдобро 

Свеченото отворање на Меморијалната фонтана, која Општина Кисела Вода ја изгради во чест на загинатите бранители во конфликтот од 2001 година, ќе се случи на 28-ми јули 2013 година, со почеток во 20:30 часот.

Изградбата на Паркот на бранителите започна на почетокот на 2013 година, а со комплетирањето на импозантната меморијална фонтана и околното хортикултурно и партерно уредување деновиве, паркот во населбата Драчево доби сосема ново руво.

Паркот се протега на површина од 1225 квадратни метри, а во централниот дел е изградена шестоаголна армирано-бетонска фонтана со дијаметар од 8 метри. На секоја од шесте страни поставена е спомен-плоча со името на секој загинат бранител. Во централниот дел на фонтаната на двометарски постамент е поставена скулптура излиена во бронза со висина од 3 метри. Скулптурата е  фигура на војник-бранител кој ја симболизира храброста и решителноста за одбрана на својата татковина и е дело на академскиот скулптор Димитар Филиповски.

Со свеченото отварање на меморијалната фонтана, Општина Кисела Вода ќе им оддаде должна почит на шесте бранители од Општина Кисела Вода, кои ги положија своите млади животи во конфликтот во 2001 година застанувајќи на браникот на одбраната на татковината.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa