Забрана за прием на невакцинирани деца во градинките во Oпштина Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

По прогласувањето на епидемија од морбили (мали сипаници) на целото подрачје на град Скопје од страна на Министерството за труд и социјална политика, Општина Кисела Вода известува дека од денес 03.01.2019 година, стапува во сила привремена мерка забрана за носење на сите невакцинирани деца од МРП-вакцината (за морбили, рубеола и паротитис)  во сите градинки на подрачјето на градот.

Ваквата мерка стапува во сила согласно со член 56 и 57 од Законот за заштита на населението од заразни болести. Населението од ова исклучително опасно заболување може да се заштити со вакцинација, соопштија од Министерството за здравство, од каде што посочуваат дека сите заболени од морбили се невакцинирани лица.

Воедно, во сите градинки на територија на Општина Кисела Вода, се спроведуваат и останатите санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки: проверка на вакциналниот статус во досието на згрижените деца и да изготви список на неимунизирани деца со МРП, спроведување на темелно механичко чистење и дезинфекција  на  објектот, засилено одржување на хигиената и дезинфекција во установата, вршење на тријажа при прием на децата, како и следење на здравствената состојба на децата и информирање на ЈЗУ Центар за јавно здравје –Скопје за секое зголемено отсуство.

Општина Кисела Вода апелира до родителите да се придржуваат до препораките од Министерството за здравство, со цел да се заштитат децата од ова заболување и да се спречи понатамошно ширење на епидемијата од морбили.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda ЈДГ „Весели Цветови“ одбележа 74 години постоење https://t.co/whbbZEVzdA
16hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Утре без вода ул. „Мариовска“ https://t.co/aE2W9kBFLp
O_KiselaVoda Денес ФК „Кул здравје“ од Кисела Вода ќе игра против ФК „Академија Постолов - Пандев“ од Штип https://t.co/s7PYjxw7gg