Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail

ДУП-от за нас 11-ти Октомври – бараки на јавна расправа

Рејтинг на корисник:  / 7
НајлошоНајдобро 

Општина Кисела Вода продолжува со интензивно урбанистичко планирање. Во насока на создавање на рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот и создавање услови за хумано живеење и работа на граѓаните, Општина Кисела Вода ја започна постапката за носење на неколку клучни урбанистички планови. Од утре (27.08.2013 год.), започнува јавна анкета по Предлог – Деталниот урбанистички план за реон Ј, четврт Ј13, Општина Кисела  Вода, плански период 2013-2018, со кој ќе се уреди просторот помеѓу булеварот “Македонија” - Ж, булеварот “Србија”, улицата “Борис Трајковски” и улицата “Народни Херои”, односно “Михаил Чаков”.

Опфатот е со површина од 28,40ха.

Основната, основно доминантна класа на намени е согласно одредбите на Генралниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022, која што местимично ќе биде надополнувана и со други класи на намени.

Јавната анкета и јавната презентација по Предлог - Деталниот урбанистички план за реон Ј, четврт Ј13,  ќе се спроведе со излагање на  Предлог - Планот во просториите на урбаната заедница “11-ти Октомври - бараки”.

Јавната анкета ќе трае 10 работни дена од денот на објавувањето на соопштениетo, а сите заинтересирани граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови, секој работен ден од 7-15 часот, во канцеларијата на оваа урбана заедница.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 30.08.2013 година во 10 часот во просториите на урбаната заедница “11-ти Октомври - бараки”. 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa