Општина Кисела Вода ги поканува своите жители на еколошкиот настан “Биди дел од чиста иднина”

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Утре, среда, 24.04.2019, со почеток во 10 часот, Општина Кисела Вода заедно со ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје и градот Скопје, организира масовна акција за чистење диви депонии. Акцијата ќе се одвива на повеќе локации низ цела Општина Кисела Вода, а собирно место ќе биде платото пред ресторанот “Ексклузив”.

 

Учество ќе земат градоначалникот и другите раководни органи на Општина Кисела Вода, администрацијата на Претпријатието и Општината, јавни личности, студенти од сите скопски универзитети, претставници од невладиниот сектор, како и средните и основните училишта. Целта на настанот кој ќе се одвива под името “Биди дел од чиста иднина” е  подигнување на јавната свест за штетноста од несовесното постапување со отпадот и опасноста од создавањето диви депонии што директно ја загрозуваат животната околина и претставуваат закана за здравјето на граѓаните. Општина Кисела Вода ги поканува сите свои жители да се придружат на оваа иницијатива и со своето присуство да испратат јасна порака за важноста од совесното постапување со отпадот.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa