Голема еколошка акција се спроведе во Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Денеска градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски заедно со дел од општинската администрација, со претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ и дел од членовите на Советот, Јасна Саздовска, Зоран Ацевски, Тодор Костадиновски, Весна Петковска и Марина Чорбеска  учествуваше во спроведување на акција за чистење на територијата на локалната самоуправа. 

На оваа голема еколошка акција која се спроведе во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ се приклучија голем број вработени во јавното скопско комунално претпријатие, граѓани, ученици од средното економско - правно училиште „Васил Антевски - Дрен“, студенти и членови на спортските клубови: карате клуб „Маваши“ и на боксерскиот клуб „Чигра“. Отпадоците од јавните површини ги расчистуваше и тренерот на БК „Чигра“, поранешниот познат боксер, Блажо Василев.

-Денеска заедно со јавното скопско претпријатие „Комунална хигиена“ имаме акција за расчистување на територијата на Општина Кисела Вода. Заедно со вработените на Општината, вработените на  јавното комунално претпријатие, со спортските клубови и граѓаните ја правиме оваа акција преку која сакаме да ја подигнеме свеста на граѓаните за животната средина, свеста за комуналниот неред и да ги подобриме условите за живот на нашите сограѓани – изјави градоначалникот, Филип Темелковски.

-Во име на менаџерскиот тим на ЈП „Комунална хигиена“ можам да Ве информирам дека вакви акции во координација со градот и општинската администрација  се извршуваат  на одредени микро локации, се во интерес на граѓаните за да се избориме конечено да имаме чиста урбана средина. Менаџерскиот тим развива и вонредени оперативни активности во интерес на градот и граѓаните. Ова е уште една дополнителна акција за сите да се избориме за чиста средина – кажа, Исмет Душки раководител на еко патрола.

Овој голем еколошки настан насловен „Биди дел од чиста иднина“ се одржа во организација на ЈП „Комунална хигиена“ и Град Скопје. Целта на неговото одржување е подигнување на свеста кај граѓаните за штетноста од несовесното постапување со отпадот и опасноста од создавањето диви депонии кои ја уништуваат животната средина и го загрозуваат здравјето на луѓето.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Жителите на Кисела Вода ќе имаат можност да се едуцираат како да добијат бесплатна правна помош https://t.co/ZutlIdKsF0
O_KiselaVoda Светскиот ден на децата одбележан во Кисела Вода #WorldChildrensDay #UnitedNations https://t.co/bxWbCH02Fc
O_KiselaVoda Градоначалникот Филип Темелковски изврши увид во градежните зафати за санација на патот кој води кон Теферич https://t.co/5ra6rTY8Bj