Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail

Основните училишта во Кисела Вода подготвени за новата учебна година

Рејтинг на корисник:  / 3
НајлошоНајдобро 

Летниот период е вистинското време за реновирање и реконструкција на училишните и помошните  воспитно – образовни згради. Празните училишта во екот на летниот распуст им обезбедија одврзани раце на директорите да ги подготват училиштата за новата учебна година.

Фактот што важи за една од најстарите општини, во која функционираат едни од најстарите скопски основни училишта, дополнително придонесува општината Кисела Вода традиционално да помага во реализација на реконструктивните зафати во сите училишта. На неполна недела пред почетокот на учебната година, Општина Кисела Вода им излезе во пресрет на основните училишта и реализира акција за чистење на училишните дворови во сите објекти на училиштата.

На територијата на општината Кисела Вода егзистираат осум централни и три подрачни основни училишта. Најстарото училиште, ОУ “Св. Климент Охридски” од с. Драчево, датира од далечната 1922 година, додека пак, најново е ОУ “Кузман Јосифовски – Питу”, кое датира од 1988 година.

Училиштата ги привршуваат подготовките за отпочнување на новата учебна година, а сите реконструкции, санирања и обновувања на училишните згради и уредувањето на училишните дворови се во завршна фаза.

Имено, во секое основно училиште се вршат оние реконструкции, кои ќе овозможат поквалитетно изведување на наставниот и воспитно – образовниот процес во новата учебна година.

Најголемите реконструктивни зафати во моментов се изведуваат во подрачното училиште “Круме Кепески” во нас. Припор, каде привршуваат активностите за промена на прозорците, варосување на сите училници, замена на подот во една училница и поставување нови училишни клупи и столчиња во две училници. Овие активности се финансирани од општината Кисела Вода и амбасадата на Сојузна Република Германија.

Во централниот објект на ова основно училиште пак, се изврши реновирање и варосување на кујната, а се постави и нова врата со што се кујната со посебен влез се одвои од училницата. Во овој објект се изврши и комплетно реновирање на две училници и варосување на 700 квадратни метри на два ходника во делот на целодневната настава и третиот кат од зградата, како и чистење и дезинфекција на целата зграда.

Слични реконструктивни и подготвителни активности се изведуваа и во ОУ “Кузман Шапкарев“ во нас. Драчево. Имено, во ова училиште се изврши молерисување  на училниците во кои ќе бидат првоодделенците, чистење и средување на училишниот двор и тротоарите околу училиштето, купување на училишен мебел, поправка на санитарните јазли, реновирање на игралиштето во училишниот двор, поставување на заштитна висока ограда околу игралиштето, реновирање и проширување на училишната кујна, а се изврши и дезинфекција, дезинсекција и дератизација на целиот објект.

Во ОУ “Кузман Јосифовски – Питу” се реконструираше трпезаријата, а целосно е адаптирана и реконструирана просторијата за нова библиотека, која е дополнета со најнова популарна литература за деца и младинци. Слични реконструктивни зафати се изведени и во кабинетот за музичко образование и во подрумските простории на училиштето. Во дворот на ова училиште се поставени нови реквизити за изведување на наставата по фискултура и рекреација. Градежно-занатски и реконструктивни зафати се направени и во подрачното училиште во нас. Црниче, каде целосно се реконструирани тоалетите и вратите, а поставени се и нови рефлектори за осветлување на игралиштата.

Во најстарото основно училиште во Кисела Вода, ОУ “Св. Климент Охридски” изградени се нови тоалети, саниран е носечкиот свод, обновена е наставничката канцеларија со шкафчиња и направена е чајна кујна. Истовремено, извршено е молерисување во ходниците и дел од училниците, а во завршна фаза е хемиско чистење на радијатори и цевна линија. Во тек се подготовки за изработка на нов училишен парк, со поставување на подземни прскалки и комплетно хортикултурно уредување, а во завршна фаза се и активностите за замена на главната училишна капија и две помали врати, кои ќе бидат изработени од ковано железо, поради дотраеност на истите. Во тек се активности за преадаптацијата на еден надворешен објект, кој ќе биде наменет за училница за првоодделениците. 

Реконструктивни и градежно-занатски работи се изведоа и во училиштето “Кирил Пејчиновиќ”, каде е извршена комлетна санација и замена на вентилите и пумпите од подстаницата, се исчистија радијаторите, се отстрани ламперијата од сите ходници на училиштето, а се изврши и комплетно глетување и молерисување со акрилна боја на истите. Истовремено, заменети се сите врати од првите два ката, а на третиот кат заменети се  врати од две     училници. Оформени се и нови кабинети, со кои што ќе се овозможи учениците од првиот класификационен период да посетуваат настава само во една смена.

Реконструктивни и градежно-занатски работи за подобрување на условите за одвивање на воспитно-образовниот процес се изведоа и во училиштето “Невена Георгиева – Дуња”, каде во соработка со комапнијата Цементарница Усје – Титан се изградија три училници, а училиштето со сопствени средства изврши бојадисување на оградата и варосување на соблекувалните и ходникот пред фискултурната сала.

Реконструктивни и подготвителни активности се изведоа и во енергетски најефикасното основно училиште во општината, ОУ “Партение Зографски”, со што се создадени оптимални услови за успешен старт на новата учебна година.

 

 

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa