Нека ни е честит најзначајниот државен празник Св. Кирил и Методиј

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Општина Кисела Вода на сите граѓани им го честита 24 Мај, најзначајниот државен празник Св. Кирил и Методиј.

Светите браќа Кирил и Методиј биле едни од најучените во Византиската империја кои со своeто големо дело за човештвото, со просветителската мисија се заслужни за културниот развој на словенските народи. Светите браќа во сите мисии успешно ја рашириле писменоста и христијанството помеѓу народите.  Кирил со користење на јазикот на македонските словени од Солун ја составил првата словенска азбука (глаголицата), а ги превел и првите книги од грчки на словенски јазик.  

Мисионерите Кирил и Методиј биле родени во Солун. Нивните родители Лав и Марија биле познато угледно семејство во Византија. 

Многу цркви во Репбулика Северна Македонија и ширум светот го носат името на Светите браќа Кирил и Методиј.

Нека ни е честит Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Утре ул. Киро Фетак без струја https://t.co/s3wvNho8nX
O_KiselaVoda Во Кисела Вода се одржа Мултимедијален хепенинг на отворен простор https://t.co/5B8VQFyBaA
O_KiselaVoda Награди за најдобрите ученици, спортисти и просветни работници во училиштата и градинките https://t.co/kP5Y15ZpqK