КК Академија ФМП влезе во првата лига на Северна Македонија

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Кошаркарите на „Академија ФМП“ од Кисела Вода се пласираа во кошаркарската прва лига на Северна Македонија.

-После победата во првиот натпревар, во бараж двомечот за пласман во првата лига, против екипата на Шкупи со резултат 94-67 и неодигрувањето на возвратниот дуел, кој е регистриран со службен резултат од 0-20, се пласираме во првата лига на Македонија. Оваа победа доаѓа како круна на целокупниот труд вложен во текот на целата сезона, на сите кои што се дел од овој кошаркарски проект. Најпрво честитки до нашите играчи кои одлично ја изиграа целата сезона и одлично се справија со целиот притисок. Сите покажаа дека кошарката е начин на живот и дека екипата е една голема фамилија. Честитки до сите симпатизери на „Академија ФМП“ кои коректно го бодреа тимот во текот на целата сезона. Честитки и за целиот стручен штаб на чело со тренерот Игор Гацов – Гац, кој по втор пат во својата кариера, успева да однесе една екипа во првата лига (во минатото тоа го направи со екипата на Амак СП). И на крајот да не заборавиме да им честитаме на сите луѓе кои се вклучени во овој проект и напорно работат за тој да опстои долги години. Огромна благодарност и до нашите соработници. Благодарност на Општина Кисела Вода – изјавија од ФМП Академија.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Девојка од Кисела Вода со победа над Грција освои злато во Романија https://t.co/JSDl9wCLF4
O_KiselaVoda Се асфалтира ул. „Бранко Заревски“, во населба Драчево https://t.co/9SLfLSYOM9
O_KiselaVoda Акција за собирање на кабаст и електронски отпад во општина Кисела Вода https://t.co/TqmyfQPtGK