Општина Кисела Вода додели ваучери за новороденчиња

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Општина Кисела Вода денеска додели нови 31 ваучер за новороденчиња, од кои 18 за момчиња и 13 за девојчиња.

Ваучерите на младите родители им ги подели шефот на кабинетот на градоначалникот, Горан Петковски.

Локалната самоуправа, помошта во висина од 6000 денари на семејствата кои имаат принова и се со адреса на живеење на нејзината територија им ја доделува со цел да им излезе во пресрет за првичните потреби.

За добивање на парична помош,  семејствата од Кисела Вода потребно е да поднесат барање и да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциона сметка. Барањата се поднесуваат во рок од 90 дена од моментот на раѓање на детето.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Утре ул. Киро Фетак без струја https://t.co/s3wvNho8nX
O_KiselaVoda Во Кисела Вода се одржа Мултимедијален хепенинг на отворен простор https://t.co/5B8VQFyBaA
O_KiselaVoda Награди за најдобрите ученици, спортисти и просветни работници во училиштата и градинките https://t.co/kP5Y15ZpqK