Градоначалникот Филип Темелковски оствари работна средба со амбасадорот на Република Бугарија

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Денеска, градоначалникот Филип Темелковски во салата за состаноци во Општина Кисела Вода оствари работна средба со амбасадорот на Република Бугарија, Н.Е. Ангел Ангелов.

Темелковски и Ангелов разговараа за продлабочување и развивање на добрата соработка помеѓу Општина Кисела Вода и бугарската амбасада во Република Северна Македонија.

На средбата на која присуствуваа претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, градоначалникот Филип Темелковски го запозна амбасадорот Ангелов со можностите кои локалната самоуправа ги нуди, како за инвестирање така и за развивање на спортски туризам во месноста „Три круши“.

Темелковски информираше и за реализацијата на планираните проекти.

Градоначалникот Филип Темелковски во разговорот со амабасадорот ја нагласи и одличната соработка на Кисела Вода со Општина Изгрев од Република Бугарија.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa