Општина Кисела Вода го прослави својот 64-ти роденден

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Со низа активности денес Оштина Кисела Вода го прославува својот 64-ти роденден. Одбележувањето започна со најмладите, новороденчињата. За нив, градоначалникот Филип Темелковски додели ваучери.

Потоа, во големата сала на Општината, награди им беа доделени на 137 ученици од основните училишта на оваа територија, во рамките на проектот “Општината ги наградува најдобрите”.

Се работи за талентирани и надарени ученици, кои во текот на учебната 2018/2019 година освоија награди на натпреварувањата од областа на науката, спортот, културата и уметноста.

Парични награди од Општината добија и најдобрите 24 воспитувачи и негуватели и 17 наставници и стручни соработници, по што започна свечената седница на Советот.

На истата присуствуваа многу гости, амбасадори, градоначалници, пратеници, директори на јавни комунални претпријатија, претставници од повеќе компании, соработници и пријатели на Општина Кисела Вода.

Претседателот на Советот, Дарио Шимиќ најпрво се осврна на историјатот на Општината и потсети какви трансформации во нејзиното општествено-административно уредување и претходеле на денешна Кисела Вода, најстарата скопска општина. Потоа, говореше за начинот на работа на Советот и им се заблагодари на сите советници за совесното, енергично и активно работење со цел носење на квалитетни одлуки со кои ќе се подобри животот на жителите од овој дел на Скопје.

-Во овој момент сакам да им се заблагодарам на сите советници за умешноста за создавање на позитивна работна атмосфера во која низ договор, разбирање, меѓусебно почитување и ислушување на мислењата и предлозите на секој од членовите на Советот, заеднички постигнавме успех и квалитет во работењето, и на заедничко задоволство, од нашите одлуки произлегоа бројни проекти-истакна претседателот на Советот, Дарио Шимиќ.

По него, свое излагање имаше градоначалникот Филип Темелковски. Потсети на сработеното, на проектите, бидејќи, како што рече, тие се доказ за исполнетите ветувања и вредноста на нашиот даден збор.

-Пред една седмица ОУ Рајко Жинзифов доби спортска сала, која за учениците од ова училиште значи подобрување на квалитетот на наставата по физичко воспитување. Реновирани беа и спортските училишни сали во ОУ Климент Охридски во селото Драчево и ОУ Кирил Пејчиновиќ. Воедно во ОУ Кирил Пејчиновиќ беше извршена целосна енергетска обнова на објектот. Реновирани беа санитарните јазли во ОУ Кузман Шапкарев, а во моментов се работи на реновирање на тоалетите во градинката Пеперутка во населбата Драчево. Кога говориме за градинките во Општина Кисела Вода, морам да споменам дека ги реновиравме речиси сите, така што дечињата имаат значително подбрени услови за престој.

Еден од поголемите проекти кој во моментов тече е изградбата на атмосферска канализација на 13 улици во Пржино. За неговата значајност ќе истакнам дека оваа атмосферска мрежа е во должина од 5 км.На улицата Герника со години наназад постоеше дива депонија. Нашата визија за ова место беше поинаква, за денес тука да постои прекрасен парк со површина од 5000 квадратни метри, со нова опрема и зеленило во кој жителите на Драчево можат да го минуваат слободното време. Целосно реконструирана беше улицата Сердарот, во должина од 1 км и 200 м. Преку проектот на Јавното Претпријатие за државни патишта  се изврши целосна рехабилитација на асфалтот на ул. Киро Фетак, а заедно со Градот Скопје, направивме целосна реконструкција на ул. Антон Димитров во должина од 1км и 200м. Санација со асфалт во вкупна должина од околу 3 км беше извршена на повеќе улици, во сите месни и урбани заедници. Поплочивме голем број на улици сo бехатон во вкупна должина од 1 км и 800м. По целосната санација на водоводната мрежа, манастирот Св. Руса на Пеленица конечно доби вода. Изградивме и фекална канализација на улицата Марко Орешковиќ-крак 4, на крак на улицата Рилски конгрес, фекална и атмосферска канализација на ул. Зеленгора 1, фекална канализација во должина од 691 метар на улицата Методија Патчев, на улицата Благоја Гојан, додека на улицата Банско и атмосферска и фекална канализациона мрежа.Редовно се чистеа каналите и дивите депонии низ општината. Редовно се собираше кабаст отпад. Со голема динамика се работеше и во областа на урбанизмот. Сакам да истакнам дека од вкупно пристигнатите 14.958 барања за утврдување на правен статус, кога го презедов мандатот решени беа 5705 предмети. Од моето доаѓање до денес, решени се нови 5327 предмети, односно исто толку семејства се стекнале со легален статус на својот дом-потсети градоначалникот Темелковски.

Воедно, тој најави и низа проекти на кој ќе се работи во наредниот период.

Отпочнавме со целосна реконструкција на санитарните јазли во ООУ Кузман Јосифовски Питу. Одобени се средства за изработка на ДУП-овите за селото Драчево и  село Усје, како и  средства за комплетна еконструкција и проширување на патот до локалитетот Три круши. Ќе започнеме со изградба на атмосферска канализација на ул. Саса 6, како и реконструкција со проширување на истата улица.Ќе се гради водоводна мрежа на ул. Сердарот и на Малешевска 1. Аплициравме и за средства за изградба на атмосферска канализација по улиците Жил Верн, Јордан Филиповски, Тодор Паница, Ѓорѓи Димитров, Вера Јоциќ, Дичо Петров, Тоне Томшиќ, Михаил Евтихиј.Во урбаната заедница „11 Октомври-Згради” ќе се гради нова детска градинка со капцитет за 180 дечиња. Објектот Мимоза од градинката Весели Цветови, пак, ќе добие енергетска обнова.

До септември треба да биде завршена изградбата на Домот на култура во селото Драчево, со што жителите, освен простор кој ќе нуди културни содржини, ќе добијат и матична слуба,  месна заедница, КУД Китка простории за вежбање, а пензионерите свој клуб-најави градоначалникот на Општина Кисела Вода.

Им се заблагодари на сите лица, институции и компании кои со својата финансиска поддршка помогнале за реализација на оние покрупни проекти без чија помош Општина Кисела Вода и покрај сите свои напори и желби, немаше да може да ги реализира поради ограничените финансиски можности. На најзаслужните од нив, им беа врачени плакети.

Плакети за осебен придонес и заслуги добија:

-UNDP, Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.Титан Цементарница Усје, Јавното Претпријатие за државни патишта, Кинеската амбасада во Република Северна Македонија, Бугарската амбасада во Република Северна Македонија, како и Проектот за  подобрување на општинските услуги.

Плакета доби и раководителот на Секторот за финансии од Општина Кислеа Вода, Гордана Малетиќ Васковска, која денес замина во пензија.

 

По свечената седница, градоначалникот Темелковски заедно со Претседателот на Советот Шимиќ и секретарот Александар Алексовски, заминаа во обиколка на обновениот парк Македонија, кој сега нуди повеќе содржини. Поставен е летниковец, како и ново детско игралиште со повеќе реквизити за игра.

Прославата финишираше во паркот Шопен со одржување на хуманитарна коријада организирана од Здружението на пензионери - Кисела Вода и Општината.
Присутните на овој настан имаа можност да вкусат различни видови бели пецива и да слушнат бројни изведби на стари македонски народни песни.

Специјален гостин на настанот беше познатиот фолк пејач Круме Спасовски.


Манифестацијата ја проследија градоначалникот Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ, советници и секретарот на Општината, Александар Алексовски.

 

 

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Интервју на градоначалникот Филип Темелковски https://t.co/xG7xs9oY4I
14hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Утре во рамки на првата кошаркарска лига КК „Академија ФМП“ ќе го одигра првиот натпревар во Кисела Вода https://t.co/zpBCmJT4ik
O_KiselaVoda Градоначалникот Филип Темелковски од понеделник почнува со посети на сите месни и урбани заедници во Кисела Вода https://t.co/MQYplG8cMg