Целосно е реновирана спортската сала Независна Македонија

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „За стопанисување со спортски сали и објекти - Кисела Вода“, целосно ја реновираше спортската сала „Независна Македонија“.

Во салата беше извршено молерисување, полирање и лакирање на спортскиот терен/подот.

Тревните површини пред салата се хортикултурно уредени, збогатени се со повеќе висококвалитетни дрвја и цвеќиња.

Претходно, во истата сала подобрено беше осветлувањето и реконструирана беше стаклената конструкција. Со ова корисниците добија видно подобри услови за спортување.

Во „Независна Македонија“ се одржуваат меѓународни турнири, учениците ја користат за одигрување на училишни натпревари, а во неа се натпреваруваат и тренираат обојкарски и кошаркарски клубови од македонските лиги. 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Интервју на градоначалникот Филип Темелковски https://t.co/xG7xs9oY4I
13hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Утре во рамки на првата кошаркарска лига КК „Академија ФМП“ ќе го одигра првиот натпревар во Кисела Вода https://t.co/zpBCmJT4ik
O_KiselaVoda Градоначалникот Филип Темелковски од понеделник почнува со посети на сите месни и урбани заедници во Кисела Вода https://t.co/MQYplG8cMg