Утре во Кисела Вода ќе се чисти и ќе се крпат ударни дупки. Граѓаните ќе имаат можност да одложат кабаст отпад

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Општина Кисела Вода утре во соработка со Градот Скопје ќе спроведе голема акција за средување на својата територија.

Со активностите во кои ќе бидат вклучени сите јавни претпријатија на Градот Скопје, невладини организации, сезонските работници и дел од администрацијата на Општина Кисела Вода ќе биде опфатено: чистење на сметот на сите јавни површини, миење на улиците и тротоарите со цистерна, косење на нараснатите тревни површини, ќе се сечат исушените дрвја кои претставуваат опасност за граѓаните, а ќе бидат исчистени и поголемите диви депонии. Додека на дел од улиците ќе се крпат ударни дупки. Покрај ова граѓаните ќе имаат можност да го одложат својот кабаст отпад во поставените контејнери на ул. „Ратко Митровиќ“ кај спортската сала, во паркот „Пушкин“ и на крстосницата на ул. „Христо Татрчев“ со ул.„ Дебарска“, поточно кај „Гет кафе“.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Жителите на Кисела Вода ќе имаат можност да се едуцираат како да добијат бесплатна правна помош https://t.co/ZutlIdKsF0
22hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Светскиот ден на децата одбележан во Кисела Вода #WorldChildrensDay #UnitedNations https://t.co/bxWbCH02Fc
O_KiselaVoda Градоначалникот Филип Темелковски изврши увид во градежните зафати за санација на патот кој води кон Теферич https://t.co/5ra6rTY8Bj