Акција за собирање на кабаст и електронски отпад во општина Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Општина Кисела Вода  и ЈП ,,Комунална хигиена" - Скопје, по повод Светскиот ден на чистењето ќе спроведaт акција за собирање на кабаст отпад - стар мебел и отпадот од електронската опрема и електричната опрема на територија на општината. Акцијата ќе се спроведе во период од 21.09.2019 година (сабота) до 24.09.2019 година (вторник).

 

ЈП,,Комунална хигиена" – Скопје ќе постави три специјални садови (контејнери), во кои граѓаните ќе можат да го одлагаат  кабастиот  отпад на следниве локации :

- Кисела Вода – контејнерот ќе биде поставен на ул.14 Декември - кај ,,Гет Кафе" (до контејнерите)

-11 Октомври - згради – контејнерот ќе биде поставен во ,,Парк Пушкин" (кај контејнерите)

- населба Драчево – контејнерот ќе биде поставен на ул.Ратко Митровиќ - кај Спортската сала

Ги замолуваме сите граѓани отпадот да го одлагаат во точно предвидените термини и локации.

Вон определениот датум не е дозволено одлагање на кабастиот отпад.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa