Девојка од Кисела Вода со победа над Грција освои злато во Романија

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Денеска градоначалникот Филип Темелковски во просториите на Општина Кисела Вода оствари средба со Катерина Ацевска, победничка на Светскиот куп во џиу џица и со нејзиниот тренер Александар Ацевски .

На Светскиот куп одржан во Букурешт, Романија македонската џиу џица репрезентација, претставувана од Катерина Ацевска од Кисела Вода, во категорија жени У16, +63кг освои златен медал. Ацевска златото го освои со победа над натпреварувачката на Грција со голема резултатска разлика од 16-5. 

„Во  нејзината категорија Катерина Ацевска златото го освои во јака конкуренција од натпреварувачки, три од Грција, две од Русија, и по една од Украина и Романија. Со  четири убедливи победи дојдовме до овој голем успех. Украина ја победивме со резултат 11-4, а  Русија со 20-14 и на финалниот натпревар со резултат 16-5 ја победивме Грција. Сакам да нагласам дека Русија и Грција се на врвот во Светското џиу-џицу. Покрај ова, на купот трето место освоивме со Нина Ташкова од Штип, а во конкуренција од 15 борци петто место освои нашиот натпреварувач Зоран Колевски од Скопје. На Светскиот куп 1330 борци од 28 држави се бореа на 7 борилишта“ - изјави селекторот Александар Ацевски.

Катерина Ацевска досега има освоено многу златни медали на домашни и меѓународни турнири. Таа активно тренира во клубот за џиу - џицу ,,Дан - Кју", во фискултурната сала на ,,ООУ “Невена Георгиева Дуња“ во Кисела Вода.

На приемот на победничката и селекторот присуствуваа претседателот на Советот на Општина Кисела Вода , Дарио Шимиќ и Зоран Ацевски, член на Советот на Општината.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Интервју на градоначалникот Филип Темелковски https://t.co/xG7xs9oY4I
12hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Утре во рамки на првата кошаркарска лига КК „Академија ФМП“ ќе го одигра првиот натпревар во Кисела Вода https://t.co/zpBCmJT4ik
O_KiselaVoda Градоначалникот Филип Темелковски од понеделник почнува со посети на сите месни и урбани заедници во Кисела Вода https://t.co/MQYplG8cMg