Во Кисела Вода започна акција за разубавување на дворовите на училиштата и градинките

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Општина Кисела Вода во соработка со Волонтерски центар - Скопје и СУГС „Браќа Миладиновци“ спроведува активности за хортикултурно уредување на дел од дворовите на училиштата и градинките.

Учениците од ветеринарната струка од средното училиште, дел од вработените од Општината и волонтерите од Волонтерскиот центар, акцијата за разубавување на дворовите денеска ја стартуваа од општинското основно училиште „Невена Георгиева-Дуња“. Тие во насока на зачувување на животната средина од стари автомобилски гуми создаваат саксии за нови садници и фигури за игра, кои ќе им помогнат на децата во психомоторниот развој.

Во периодот што следува гумите офарбани во различни бои ќе направат попријатен амбиент во ООУ „Кузман Јосифовски Питу“ и во објектите на ЈДГ „Весели Цветови“, „Синоличка“ и „Мимоза“.

Покрај ова, со активностите ќе биде опфатено и расчистување на сувите лисја од дворовите.

На предлог на локалната самоуправа во акцијата вклучени се и дечињата со аутизам.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa