„Приказна за инструментите“ во ООУ „Рајко Жинзифов“

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Во ООУ „Рајко Жинзифов“, во организација на здружението на музички педагози „Полихимниа“ се одржа едукативен час по музичко образование.

На часот, кој се одржа во рамки на проектот „Приказна за инструментите“, учениците од трето и четврто одделение научија нешто повеќе за класичната музика, за примената на музичките инструменти и за тоа како со истите се создава звук/мелодија.

Покрај ова, децата имаа можност на инстурментите на едукаторите-професионални музичари да се обидат да засвират.

„Приказната за инструментите“ е приказна за четири прекрасни принцези кои претставуваат по еден инструмент, нејзиното височество флејтата, виолината, виолончелото и нејзината кралица пијаното. По кратката мелодија на секоја од нив следува приказна за настанокот на секој инструмент, неговиот развој во текот на годините и примената во музиката, за на крајот сите инструменти заедно да музицираат.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa