Во Пинтија се асфалтираат улици и се гради атмосферска канализација

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски заедно со претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ направи увид во градежните активности за подобрување на инфраструктурата во населбата Пинтија.

Во моментов, во Пинтија се одвиваат градежни работи за асфалтирање на повеќе улици. Покрај оваа активност, во должина од 570 метри се поставува атмосферска канализација, се изработуваат нови тротоари, а се гради и нова пристапна улица.  

Општина Кисела Вода средствата за овие големи зафати ги обезбеди  преку Проектот за подобрување на општинските услуги, кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска Банка.

Општина Кисела Вода и следната година ќе продолжи да создава подобри услови за сите жители.

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Во Пинтија се асфалтираат улици и се гради атмосферска канализација https://t.co/1hbc721C4R
O_KiselaVoda Градоначалниот Филип Темелковски другаруваше со дечињата од Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Д… https://t.co/RfOoAFtPHj
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода сади 700 багреми покрај патот кон Теферич https://t.co/1rXwo3TmXp