Кошаркарките на „Бадел 1862“ го заземаа четвртото место на табелата на втората Јадранска лига

Рејтинг на корисник:  / 1
НајлошоНајдобро 

Изминатиот викенд, во рамките на третиот турнир од втората Јадранска лига за кошаркарки до 17 години, ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода гостуваше во Грац, Австрија.

При ова гостување „баделки“ одигра два натпревари. Жолто-сините на првиот одигран натпревар убедливо го победија домаќинот „ГАК КАНГАРООС“, со резултат 84:35.

Додека на вториот натпревар, кој беше крајно неизвесен „Бадел“ изгуби со два поени разлика од досега непоразената екипа „Ледита“ од Домжале, Словенија, со резултат 57:59.
Со овие резултати, девојките на „Бадел 1862“ имаат биланс од три победи и три порази, што е доволно да го заземат четвртото место на табелата.
Следниот месец преостанува да се одигра последниот турнир во Струга.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa