По известување од РЦУК Скопје, Опшина Кисела Вода информира дека денес во временскиот период од 09:00 до 13:00 часот, без струја ќе останат корисниците од ул. Саса, во населбата Пинтија.
Додека од ЈП „Водовод и канализација“ соопштија дека заради тоа што од денес до 13 март ќе се врши чистење, дезинфекција и испирање на двете комори во резервоарот за питка вода – Драчево, во периодот од 08:00 часот до завршување со активностите ќе бидат можни кратки прекини со водоснабдувањето во населбата Драчево.