Општина Кисела Вода поставува дезинфекциски средства и држачи за нив во колективните станбени објекти

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Продолжуваат активностите на Општина Кисела Вода за заштита од ширењето на  вирусот Ковид-19. По упатениот јавен повик до граѓаните, од денес локалната самоуправа отпочна со акција за поставување на држачи за средства за дезинфекција, како и дезинфекциски средства во влезовите на сите заинтересирани жители во колективните станбени објекти на територија на општината.

Ќе бидат опфатени зградите во сите урбани заедници кои изразиле или ќе изразат интерес.

Потсетуваме дека дезинфекциските средства и држачите за истите ги обезбеди Општина Кисела Вода со поддршка од бизнис заедницата од овој дел на градот и за нив, сите заинтересирани заедници на станари и управители на станбените згради, се уште можат да се пријават на на телефонскиот број 072 313-331  (од понеделник до петок од 08:30 до 16:30 часот и сабота од 08:00 до 15:00 часот) или на електронската адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., каде што треба да остават точна адреса - улица и број, како и телефон за контакт. За колективни станбени згради се сметаат зградите со минимум осум станбени единици.

 Паралелно, известуваме дека викендов мобилни тимови организирани преку секторот за месна самоуправа и социјална грижа на Општина Кисела Вода, продолжија со дезинфицирање на сите згради на подрачјето на овој дел од градот.

Иако, ова е законска обврска на граѓаните, сепак, со оглед на сериозноста на состојбата со ширењето на заразата со корона вирусот, Општина Кисела Вода одлучи да им излезе во пресрет на своите жители. Во четвртокот беа дезинфицирани колективните станбени објекти во урбаните заедници Расадник и населба Драчево. Во петокот е извршено прскање за дезинфекција во Цветан Димов, Кисела Вода, Бирарија и Припор. Викендов се работеше и се заврши прскањето во сите останати  згради во другите урбани заедници.

Во текот на денешниот ден, пак, се врши повторно дезинфицирање на сите улици, овој пат со специјално возило за таа намена.

Уште еднаш, апелираме на совесно однесување на сите граѓани и почитување на Владините препораките и забрани во насока на превенција и заштита на здравјето од корона вирусот.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa