Општина Кисела Вода информира дека улицата „Мариовска“, на потегот од маркетот „Томи“ до крстосницата со „Кавалска“, денес и утре, поради изведба на градежни работи ќе биде затворена за сообраќај.
За жителите на Пржино кои улицата ја користат во насока на движење кон Центар и Кисела Вода, сообраќајот ќе се одвива по улицата „Наум Охридски“, а жителите од урбаната заедница „Кисела Вода“, за сообраќај може да ги користат улиците: „Димо Хаџи Димов“, „Марко Орешковиќ“ и „Ѓорги Димитров“.