Почитувани православни христијани,
Денешниот најрадосен христијански празник Божиќ, Ви го честитаме со многу желби за среќа. Празнувањето на Христовото раѓање, најпрво нека Ви донесе одлично здравје, благосостојба и љубов.
Празнувањето на Божиќ да продолжи да не потсетува на солидарноста, да ги зајакнува моралните вредности, да ги поттикнува чувствата за хуманост и меѓучовечко разбирање.
Ви посакуваме убав празничен ден исполнет со многу радост.
Христос се роди!
Навистина се роди!
Среќен Божиќ!