На ден 09.06.2021 година училиштето ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов,, организираше онлајн настан Балкански ВИП натпревар.
На натпреварот учество земаа 8 интитуции за лица со оштетен вид од 6 Балкански земји: 1.Центар - Сараево - БиХ, 2. Центар – Дервента - БиХ,, 3. Училиште ,,Вељко Рамадановиќ,, - Србија, 4. Училиште ,,Драган Ковачевиќ,, - Србија, 5.Центар – ИРИС - СЛОВЕНИЈА, 6.Центар ,,Винко Бек,, - ХРВАТСКА, 7. Центар ,,Џеладин Деда,,– КОСОВО, 8. ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов,, - Македонија.
Вкупно беа испратени 34 видео материјали и беа прикачени на you tube каналот на училиштето ДУРДМОВ. Во првата фаза беа избрани 8 финалисти од секоја институција, а во финалето се избра по пат на гласање победник.
Победата ја понесе Маригона Хамити од Косово.
Градоначалникот на оштина Кисела Вода, г-н Филип Темелковски, беше дел од настанот, на самиот почеток ги поздрави присутните и им посака среќа на сите учесници.