Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

5385 основци од општина Кисела Вода ја започнаа новата учебна 2021/2022 година

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Започна новата учебна година за сите ученици од основните училишта од општина Кисела Вода. Со физичко присуство, но и со запазување на пропишаните здравствени протоколи, 5385 основци го одржаа првиот училишен час. Меѓу нив и видно возбудени 648 првачиња, кои за првпат седнаа во училишните клупи.

 

Градоначалникот Филип Темелковски, кој посети дел од  училиштата на првиот ден од новата учебна година, им посака успешна учебна година и им посака во радост и среќа да ги минуваат училишните денови, потенцирајќи дека освен стекнатото образование еднакво важни се и спомените и другарствата од училишните клупи и дека тие се вредност што останува за цел живот.

-Ги поздравуваме и им посакуваме успех и среќа и безгрижни денови на училиште на сите ученици и нивните семејства. За наставниците знаеме дека ќе бидат на висина на задачата и ќе создадат уште една генерација успешни младинци со кои ќе се гордееме. Почитувајте се, помагајте си, внимавајте еден на друг. Понекогаш полесно се учи во група и во тим. Овие тимови создадени на училиште остануваат до крај на животот. Научете што да очекувате од другите и да го давате својот максимум. Тоа е тајната на успехот-наведе градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa