Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Општина Кисела Вода ќе го собира кабастиот отпад. Жителите да се јават и да закажат термин!

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Општина Кисела Вода преку Секторот за Месна самоуправа и социјална заштита и понатаму ја продолжува практиката за собирање на кабаст отпад по урбани и месни заедници на територијата на општина Кисела Вода.

 

Поаѓајќи од фактот дека одложувањето на кабаст отпад претставува проблем за домаќинствата на територија на општина Кисела Вода и истиот се одложува на несоодветни локации на територија на Општината, би сакале да Ве информираме дека во период од 13 септември 2021 до 24 септември 2021 година во рамките на месните и урбаните заедници на општина Кисела Вода ќе бидат ангажирани одговорни лица и сезонски работници кои секојдневно ќе го собираат кабастиот отпад од пред домаќинствата или колективните згради на територија на општина Кисела Вода.

Секој граѓанин-жител на општина Кисела Вода ќе може да закаже термин на телефонскиот број 072/313-331 секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот во период од 06.09.2021 до 13.09.2021 година за подигање на кабаст отпад.

Граѓаните кои ќе сакаат да им биде собран и одложен кабастиот отпад ќе бидат должни истиот да го одложат пред нивниот објект на безбедна локација со што не би ја загрозиле безбедноста на пешаците, велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот кои  ќе се движат во тој период.

Наталожените диви депонии претставуваат грда слика за Општина Кисела Вода и за нивно отстранување Општината вложува сериозни напори и инвестира сериозни суми на средства кои во спротивно би биле искористени за други потреби на граѓаните. Само со одговорно однесување на секој поединец, заеднички ќе можеме да ја одржуваме Кисела Вода чиста и уредена.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa