Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

40 тони отпад исчистени од депониите кај Теферич

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Од утрово се чистеа трите големи диви депонии во Теферич. Градоначалникот Ѓорѓиевски изврши увид во работата на сезонските работници ангажирани од Општина Кисела Вода и службите на ЈП Комунална Хигиена-Скопје, кои заедно работеа на отстранување на огромната количина на депониран смет. Се чистеше и рачно и со механизација.

 Потоа, со камиони, на Дрисла се пренесени околу 40 тони отпад од секаков вид.

-Продолжуваме со интензивно чистење на депониите низ општината. Денес се работи на Теферич, локација каде е евидентно колку досега не се водело грижа за животната средина. Заедно со “Комунална Хигиена”, претпријатие во надлежност на Градот Скопје, излеговме во преземање на теренски активности со цел ефикасно да се справиме со непрописно одложениот отпад.  Сепак,  освен естетски, овој проблем има и друга, поголема димензија која го засега здравјето на луѓето и животната средина, во целост. Потсетувам дека интензивно работиме и на чистење на депонијата во Дупки, а ќе продолжиме со чистење и ремедијација на сите депонии на територија на општината. Се надевам дека на овој начин ќе ја оплемениме животната средина, но и ќе ја подигнеме свеста кај граѓаните за потребата од соодветно одложување на отпадот-изјави градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Покрај чистењето на депонијата во Теферич, сезонските работници денес работеа и во населбата Драчево, на потегот околу улицата “Коперникова”. Се собираше комунален отпад, се метеа и собираа паднатите лисја, со цистерна се миеја улиците, плочниците, тротоарите и паркинзите.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa