Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail

Градоначалникот Ѓорѓиевски обезбеди празничен ручек за 350 социјално загрозени лица

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

350 хуманитарни оброци донираше денес градоначалникот на Општина Кисела Вода за социјално загрозените лица. На бездомниците, на децата од улица, на лицата во домовите, им беа доставени пакети со оброк кои, барем малку ќе им го разубават денешниот празничен ден.

 

Градоначалникот Ѓорѓиевски, обезбеди донација и за лицата кои имаат потреба од помош од храна во народната кујна во Св. Спас во Драчево. Тука, заедно со нив и со отецот Оливер, се дружеа и заедно го изедоа празничниот ручек.

-Дарувањето на еден ваков голем и убав христијански празник ги потенцира човечките доблести - солидарноста,хуманоста и грижливоста. Да се дарува, значи искрено и од срце да се помогне онаму каде што е најпотребно. Токму затоа, денес обезбедивме 350 оброци за социјално загрозените од општина Кисела Вода. Се потрудив, на дел од нив, лично да ги доставам, со цел со овие лица малку да се подружиме и овој празничен ден да им го направам поисполнет и поразличен од другите. Сакам да се заблагодарам на општинската организација на Црвениот Крст, на Хуманитарни акции-Скопје, како и на отецот Оливер и хуманитарната организација Св. Спас, кои ни се силна поддршка во оваа хумана мисија. Токму во Св. Спас во Драчево, со празничен ручек заедно со сите лица кои ја посетуваат народната кујна, го заокруживме денешниот ден. На средбата, ги информирав и дека е во тек тендерската постапка со која ќе им обезбедиме огревно дрво, кое ќе им помогне полесно да ги пребродат студените денови и дека активно ќе работам да се подигне стандардот во општината за да го намалиме бројот на луѓе кои ќе зависат од нечија помош. Воедно, на сите кои денес празнуваат, сакам да им ја честитам православната Нова Година! За многу години- изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa