Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски упати честитка по повод 24 мај, Денот на македонските и сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј.
Денес го празнуваме 24 Mај, ден на македонските и сесловенски просветители, чие дело и заслуги се трајно запишани во светската историја, а црквата ги устоличува во редот на светците. Од Моравската мисија, чиј почеток се случил на овој датум, започнува поставувањето на темелот на нашиот идентитет, на писменоста, на културата, на креирањето на денешницата, онаква каква што денес ја имаме за себе. Чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј, водењето и создавањето на општество втемелено на вредностите кои тие ни ги оставија е завет кој го носи секој од нас. Наша должност пред идните генерации е да го сочуваме и пренесеме наспроти сите ограничувања, препреки и историски замки кои денес ни се наметнуваат.
Нека е вечно нивното име и нека ни е за многу години големиот државен празник Свети Кирил и Методиј!