Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail

Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи дваесет и третата пленарна седница

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи дваесеттата и третата пленарна седница на 29.05.2023 година (понеделник) со почеток во 09:00 часот, со следниот дневен ред:

-Усвојување на Записникот од 21-та пленарна седница

-Усвојување на Записникот од 22-та пленарна седница

 1.Давање на позитивно мислење на Статутарната одлука за измена и дополнување на Статутот на ООУ „Кузман Шапкарев“ – Општина Кисела Вода, Скопје;

2.Давање на позитивно мислење на Статутарната одлука за измена и дополнување на Статутот на ООУ „Невена Георгиева Дуња“ – Општина Кисела Вода, Скопје;

3.Давање на позитивно мислење на Статутарната одлука за измена и дополнување на Статутот на ООУ „Рајко Жинзифов“, Симбол на пријателството на Кина и Северна Македонија – Општина Кисела Вода, Скопје;

4.Давање согласност на Статутот за измена и дополнување на Статутот на ЈДГ„ Весели Цветови“ – на Општина Кисела Вода во Град Скопје;

5.Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за именување на претставници на Општина Кисела Вода во училишните одбори во основните училишта на подрачјето на Општина Кисела Вода;

6.Предлог – Одлука за именување на членови во управен одбор на  Јавното претпријатие за стопанисување со спортски сали и спортски објекти Кисела Вода КВ Скопје;

7.Предлог – Одлука за именување на членови на надзорен одбор за контрола на материјално - финанисико работење на  Јавното претпријатие за стопанисување со спортски сали и спортски објекти Кисела Вода КВ Скопје;

8.Предлог – Одлука за одобрување на Програма за изградба на градби за спорт и рекреација-Д3-затворено спортско игралиште на  КП 6483 КО Кисела Вода  2, ДУП: Населба Пинтија, Г.П. 4.1 Основно училиште Рајко Жинзифов, Општина Кисела Вода-Скопје;

9.Предлог - Одлука за  прифаќање на донација - реконструкција на дел од ул.Евтим Спространов бр.30, бр.32 и бр.34 и паркинг простор помеѓу ул.Трајко Иванов и ул.Лав Толстој, Општина Кисела Вода;

10.Предлог - Одлука за  прифаќање на донација - зимзелени и листопадни дрва за Општина Кисела Вода;

11.Предлог – Правилник за финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови на подрачјето на Општина Кисела Вода;

12.Предлог - Правилник за условите, критериумите, видот и начинот на субвенционирање и поддршка за кофинансирање на пелети за домаќинствата на територија на  Општина Кисела Вода;

13.Предлог – Правилник за условите, критериумите, видот и начинот на субвенционирање и поддршка за кофинансирање за набавка на термоизолациони материјали за реконструкција на фасади на станбени згради за колективното домување на територија на  Општина Кисела Вода;

14.Квартални извештаи К1, К2 и К3 за првиот квартал од 2023 година – К1-квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за  извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2023 година до 31.03.2023 година; -К2 -квартален извештај за достасани ненамирени обврски на Општина Кисела Вода, -К3- квартален извештај за промените на состојбата за секое задолжување на општините и јавните претпријатија основани од општините

15.Советнички прашања;

Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости