Повеќенаменско игралиште во Црниче - достапно за сите вљубеници во спортот

Рејтинг на корисник:  / 6
НајлошоНајдобро 

До крајот на мај ќе биде пуштено во употреба новото повеќенаменско игралиште во населба Црниче. Дотогаш, екипите на фирмата “Бауер БГ” кои работат со засилена динамика треба да го завршат овој спортски објект во ПОУ “Кузман Јосифовски-Питу”, кој ќе нуди можности за рекреација и услови за развивање на спортскиот дух, посебно кај младите.

Повеќенаменското игралиште кое ќе се протега на 1056 квадратни метри, ќе биде од отворен тип. На сите љубители на спортот, бесплатно ќе им бидат ставени на располагање целокупната спортска опрема и реквизити потребни за мал фудбал, ракомет и кошарка. Заградено и осветлено, со клупи за одмор и корпи за отпадоци, ова повеќенаменско игралиште ќе биде место за собирање, дружење и спортување за сите, дури и во вечерните часови.

Изградбата ја финансира Владата на РМ, преку Агенцијата за млади и спорт. Ова не е единствениот ваков спортски објект во општина Кисела Вода. Во завршна фаза е изградбата на уште едно вакво повеќенаменско игралиште во село Драчево, во  ОУ “Св.Климент Охридски”.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa