Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Градоначалникот Беличанец-Алексиќ изврши увид во градежните активности низ општината

Рејтинг на корисник:  / 8
НајлошоНајдобро 

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, на терен, во обиколка на објектите каде што течат градежни активности.

Заедно со фирмата изведувач “Конструктор Рената и други” изврши увид во градежните работи кои течат во Подрачното Основно Училиште во Црниче, “Кузман Јосифовски Питу”, каде се имплементираат мерки за енергетска ефикасност, согласно проектот кој го изготви “Прима Инженеринг-Скопје”.

Покрај замената на прозорците и столаријата, комплетно се реконструира и покривот на ова училиште, каде се поставува термичка изолација, снегобрани и систем за заземјување. Заради поголема изолација, објектот е веќе обложен со нова, енергетски ефикасна фасада во зелена и сива боја.

Градоначалникот Беличанец-Алексиќ посвети посебно внимание на делот од училиштето кој треба да биде пренаменет во градинка за околу 60 деца. Се дискутираше за проблемите со кои се соочиле градежните работници при досегашната работа и можните решенија за нивно надминување, како би се обезбедила здрава и пријатна средина за престој на дечињата од овој дел од градот. 

 

Проектот чини 6 милиони денари, од кои 4 милиони обезбеди општина Kисела Вода, а 2 милиона се донација од УНДП. Во дворот на ова училиште се гради и повеќенаменското игралиште од страна на Агенцијата за млади и спорт, вредно 7, 4 милиони денари.

 

 

Раководството на општината потоа се упати во објектот на старото кино во Кисела Вода, кој треба да прерасне во модерен културен дом. Тука интензивно работеа екипите на  „Карпош“ АД Скопје , компанијата со која општината потпиша договор за реконструкција и адаптација на постоечкиот објект. Голем дел од објектот кој беше руиниран и небезбеден за користење е веќе  срушен и динамиката на работа е добра, така што рокот кој беше договорен за изградба на овој мултимедијален центар, е реален.

Согласно договорот,  до крајот на 2015, на ова место, треба да профункционира мултимедијален центар со мултифункционална сала за одржување театарски претстави и прикажување на филмови, библиотека, уметнички клуб, кафетерија со галериски простор, административни простории и простории за месна заедница. Вкупната вредност на проектот изнесува 41.681.730 денари, финансиски средства обезбедени од општинскиот буџет и од буџетот на Министерството за култура.

Коментари  

 
0 #1 Филип 2014-05-29 11:03
Браво !!! Само напред !
Цитат
 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa