Исполнето ветување-отворени вратите на новоизградениот објект на ООУ “Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонското пријателство”

Рејтинг на корисник:  / 27
НајлошоНајдобро 

Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ, заедно со амбасадорот на НР Кина во Македонија, Вен Џеншун, министерот за образование и наука на Република Македонија Абдилаќим Адеми, денеска ја пресекоа лентата и ги отворија вратите на на новоизграденото училиште во населбата Драчево ООУ “Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонското пријателство”.

Отворањето на овој објект претставува исполнување на едно големо ветување дадено пред жителите на општина Кисела Вода, пред се’, на населбата Драчево-истакна градоначалникот Беличанец-Алексиќ, осврнувајќи се на лошите и недостоинствени услови во бараките изградени во 1964 година во кои беше сместено училиштето и во кои бројни генерации го заокружиле својот образовен процес.

- Свесни дека одвивањето на наставата во современи и модерни услови, денес веќе е неопходност, општина Кисела Вода, предводена од мојот претходник, тогашниот градоначалник на општина Кисела Вода, г-нот Марјан Ѓорчев,се зафати со овој крупен проект кој се финализира денеска. Објектот кој постоеше на ова место замина во историјата,  денес  отвораме врати на нашата визија, конкретизирана во новиот лик на општинското основно училиште “Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонско пријателство”.

Новото училиште “Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонското пријателство” во населбата Драчево се протега на 4500 квадратни метри во кои се сместени 35 училници, 5 модерно опремени кабинети и библиотека. Во дворот кој се протега на 16000 квадрати ќе има фудбалско игралиште , кошаркарско игралиште , атлетска патека, простор за слободни активности на отворено. Средствата за овој објект се обезбедени како дел од склучениот договор на Владите на Република Македонија и НР Кина за билатерална соработка- наведе министерот за образование и наука на Република Македонија Абдилаќим Адеми во своето обраќање.

Во своето обраќање пред присутните, градоначалникот на општината изрази посебна благодарност до родителите на учениците од ова училиште за пружената доверба, трпение и поддршка за времето во кое траеше изградбата на објектот.

-Заеднички ја делевме загриженоста околу сите проблеми кои се појавуваа во екот на градежните активности, заеднички денеска ја делиме радоста што нашите желби и дејствија резултираа со ваков исход-истакна таа.

Благодарност беше упатена и до ОУ “Кузман Шапкарев” и Државното училиште за средно образование “Браќа Миладиновци”, кои за периодот, додека траеше изградбата на новиот објект им укажаа гостопримство на учениците од “Рајко Жинзифов”, давајќи им простор за редовно одвивање на наставата.

Проектот чинеше околу 4 милиони евра, комплетна донација од НР Кина. Се работеше по проект на IPPR, фирма изведувач  беше B.A.R. ECE, а подизведувач беше ЛИНИКА.

-Народна Република Кина, која отсекогаш важела за земја за која вложувањата во образованието се приоритет и со својата донација од 4 милиони евра уште еднаш го докажа тоа, излегувајќи им  во пресрет на потребите на македонските ученици, му се заблагодари градоначалникот Беличанец Алексиќ на кинескиот амбасадор во РМ, Вен Џеншун. Благодарност  беше укажана и на Владата на Република Македонија без чија помош ништо од ова немаше да биде можно.

-Подигнувањето на нивото на образовниот процес преку создавање на соодветни квалитетни услови за негово одвивање беше и ќе остане приоритет за општина Кисела Вода. Ваквите проекти ги потврдуваат нашите заложби-подвлече градоначалникот на општината на крајот од своето обраќање додавајќи дека учениците од ова училиште од денеска, учат во најубавиот училишен објект во Македонија, кој ги задоволува критериумите и на најстрогите оценувачи.

Општинско Основно Училиште “Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонско пријателство” годинава ќе прими вкупно 704 ученици. Од нив, 82 се  првачиња.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Работилница за лица со посебни потреби во ООУ „Кузман Шапкарев“ https://t.co/Vr1LDA6zzy
O_KiselaVoda Ќе се собира кабастиот отпад во општина Кисела Вода https://t.co/hCawcNLFKD