Отворена градинка во Црниче, првиот јавен објект кој за греење користи биомаса

Рејтинг на корисник:  / 3
НајлошоНајдобро 

Градоначалникот  на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денес ја пресекоа лентата и со тоа го означија почетокот на работата на новата градинка во населбата Црниче. Објектот кој го носи името “Перуника” е во состав на ЈГД „Весели Цветови“. Се протега на површина од околу 250 квадратни метри и за него, општина Кисела Вода издвои 3 700 000 денари од својот буџет.

 

-Пред само две години ова училиште беше споменувано во многу поинаков контекст од денешниов. Како објект во кој никој немаше инвестирано долги години наназад, се размислуваше дали воопшто треба да продолжи да функционира, бидејќи условите во кои учениците посетуваа настава беа катастрофални. Денес, пред вас стоиме со една сосема поинаква реалност. Неодамна бевте сведоци на комплетното реновирање на училиштето, а денес ги отвораме и вратите на новата градинка која е една голема потреба на жителите на овој дел од градот. Оваа градинка, има капацитет за 50 дечиња, и ним, на околу 250 квадратни метри им нуди 2 занимални, соба за изолација, дистрибутивна кујна, магацински простории и канцеларии за персоналот, како и комплетно уредени санитарни јазли. За сево ова, општина Кисела Вода, од својот буџет, вложи 3 700 000 денари, а многу сме благодарни и на Министерството за труд и социјална политика кое инвестираше околу 520 000 денари во обезбедување на инвентарот на градинката-изјави градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ.

 

Претходно, за реновирањето на училиштетo , за кров и фасада во ова училиште беа вложени 6.000.000,00 денари, од кои 4.000.000,00 обезбеди општина Kисела Вода, а 2.000.000,00 се донација од УНДП, како дел од програмата за имплементација на мерките за енергетска ефикасност во образованието.

- Градинката се отвара во комплетно реновиран, реконструиран и опремен објект. МТСП во оваа инвестиција учесвуваше во целосно обезбедување на опремата. Задоволство ми е што интересот на општина Кисела Вода е голем за зголемување и подобрување на капацитетите за згрижување деца од предучилишна воздраст- рече на отворањето на градинката министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Додаде дека проектот почнал со реализација на иницијатива на градоначалничката на општина Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ, а оти Министерството се приклучило во реализацијата и помогнало во опремувањето на оваа детска градинка. Апелираше примерот на општина Кисела Вода да го следат и другите општини и најави дека и натаму ќе се продолжи со проекти за реконструкција и изградба на нови установи за згрижување деца од предшколска возраст.

-Во овој момент посебна благодарност би сакала да упатам и до УНДП, посебно до постојаниот координатор на УНДП во Македонија, г-ѓата Лиуза Винтон, која е денес тука присутна, бидејќи предмалку споменатите суми не се единствените инвестиции во овој објект. Имено, општина Кисела Вода, неодамна потпиша нов договор со УНДП во вредност од 3 215 700 денари за комплетна замена на системот за греење и воведување нов, комплетно енергетски ефикасен метод на греење со биомаса, во овој објект и во уште две други градинки во Драчево. Предноста на овој систем е во тоа што користејќи овошни семки и пелети како енергенс, финансиските заштеди во потрошувачката на топлинска енергија се околу 80%, а штетните емисии на јаглероден диоксид се сосема избегнати, што е огромен придонес во заштитата на животната средина. Општина Кисела Вода е прва која воведува ваков енергетски ефикасен модел на загревање и воедно, сакам да потенцирам дека заедно со сите претходно имплементирани мерки за енергетска ефикасност кои заедно со УНДП ги споведовме во овие две години, добивме еден комплетно енергетски ефикасен објект.

Значи, ветувањето што им го дадовме на родителите од Црниче за отворање на градинка во овој дел од градот е целосно исполнето, а отидовме и чекор понатаму, воведувајќи иновативни мерки за заштеда на енергија, со цел да им обезбедиме најдобри и најсовремени услови за престој и работа на сите дечиња и ученици кои голем дел од својот ден ќе го минуваат токму во овој објект-потенцираше градоначалникот на општина Кисела Вода Беличанец-Алексиќ.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Работилница за лица со посебни потреби во ООУ „Кузман Шапкарев“ https://t.co/Vr1LDA6zzy
O_KiselaVoda Ќе се собира кабастиот отпад во општина Кисела Вода https://t.co/hCawcNLFKD