Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Градоначалникот Беличанец-Алексиќ и Министерот Спасов отворија Дневен центар за деца со посебни потреби

Рејтинг на корисник:  / 4
НајлошоНајдобро 

Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ и Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, заедно со  управителот на Здружението за деца со посебни потреби “ДАМА ЕЛ” Олгица Георгиева, денес ја пресекоа лентата и со тоа го означија почетокот на работа на новиот Дневен центар за деца со посебни потреби во населеното место Усје.

 

-Во објектот кој општина Кисела Вода му го даде на користење на Здружението за деца со посебни потреби “ДАМА ЕЛ”, без надомест, на 10 години, по извршеното реновирање, на вкупно 400 квадратни метри, функционираат 6 училници во кои дневно можат да престојуваат по 25 лица на возраст од 3 до 26 години. Ним на располагање им стои стручен тим составен од психолози, педагози, дефектолози и логопеди. Дополнително, во долниот дел на ова здание е планирано отворање и на амбуланта, а на ова место ќе биде сместена и новата месна заедница-истакна градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ.

Додаде дека со овој чекор, општина Кисела Вода уште еднаш ги потврдува своите заложби за обезбедување на подобри услови за децата со посебни потреби.

-Во населба Кисела Вода, за нив, започнавме со изградба на инклузивно игралиште на кое ќе бидат поставени повеќе реквизити за безбедна игра и нивна социјализација. Исто така, и оваа сезона, општина Кисела Вода обезбеди финансиски средства за продолжување на проектот ”Слобода во вода”, кој на децата со посебни потреби од оваа територија преку спортски активности во вода им овозможува подобрување на психофизичката состојба.

 

Со денешното отворање на Центарот за деца со посебни потреби потреби и општина Кисела Вода и Министерството за труд и социјална политика, прават уште еден чекор за да им помогнат во полесна адаптација на децата со посебни потреби во општеството, во развивањето на што поголем степен на нивна самостојност и нивна социјализација. Министерот за труд и социјална политика наведе дека ова е прв ваков приватен дневен центар на подрачјето на општина Кисела Вода и ги најави претстојните проекти од оваа сфера на работењето на Министерството.

 -Како Министерство  за труд и социјална политика и како Влада на Република Македонија, наш приоритет е развивање на мрежата на дневни центри за деца со пречки во развојот.  Досега се отворени 27 дневни центри и 6 приватни дневни центри за деца со пречки во развојот. Само оваа година Министерство  за труд и социјална политика  во соработка со општините во Македонија инвестира во отворање на 7 дневни центри во различни општини, во различни градови во нашата држава. Набрзо  очекуваме да бидат отворени во Скопје, во општина Центар, во Велес, во Кочани, во Штип, во Липково и во Битола. И понатаму ќе продолжиме низа на активности со цел да ја зголемуваме и унапредуваме за мрежата на дневни центри  кои претставуваат одлична форма на вонинституционална заштита и социјална сервисна служба, преку која се дава поддршка на децата со пречки во развојот. Би сакал да им честитам на општина Кисела Вода и на градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ за поддршката што ја имаат дадено на приватниот инвеститор-се со цел еден ваков објект да се стави во намена на децата со пречки во развојот од општина Кисела Вода, меѓутоа и од градот Скопје-изјави Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Дневниот центар за деца со посебни потреби “Св. Кирил” е сместен во некогашниот објект на ПОУ “Невена Георгиева Дуња“ во населба Усје. Има капацитет за 25 деца на возраст од 3 до 26 години.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa