Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Поставен камен темелник на првото тениско игралиште во населбата Драчево

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Денес градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески поставија камен темелник на првото тениско игралиште во општина Кисела Вода. Истото е во состав на ООУ Кузман Шапкарев во населбата Драчево и е дел од проектот за изградба на 120 тениски терени низ целата држава.

 -Агенцијата за млади и спорт заедно со Владата на Република Македонија продолжува со реализација на капиталните проекти за изградба на спортската инфраструктура во целата држава, со цел спортот да биде достапен на сите и тој да биде приоритет во животот на младите генерации. Од капиталните проекти не е изземена ниту општината Кисела Вода, каде досега се инвестирани околу 66 милиони денари за изградба на 2 спортски сали и 2 повеќенаменски игралишта, истакна Спасески потенцирајќи дека ова е 75-то по ред тениско игралиште, кое започнува да се гради.

 

 

Тој посочи дека во изминатите месеци имаат одлична динамика на реализација на проектот “120 тениски терени”, од кои 44 терени се изградени и ставени во функција, а уште 30 терени ширум земјата, се во фаза на градба и се очекува да бидат завршени во текот на летото.

 

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Беличанец- Алексиќ се заблагодари на Владата и на Агенцијата за млади и спорт за сите инвестиции во оваа општина и потсети дека само во изминатата година, населбата Црниче и селото Драчево добија повеќенеменски игралишта, како резултат на одличната соработка помеѓу општината и АМС. Потенцираше дека овој проект е еден од многуте со кои започнува прославата на 60тиот јубилеј на општината.

 

-Ќе потсетам на отворањето на двете повеќенаменски игралишта кои се дел од владиниот проект  ”Изградба на 100 повеќенаменски спортски игралишта“. Првото во ООУ “Климент Охридски” во селото Драчево, кое овозможува услови за тренирање кошарка, мал фудбал и ракомет. Претходно, општината инвестираше во обнова на покривот на  спортската сала на ова училиште, а потоа,  во дворот постави и фитнес справи, со што се доби фитнес центар на отворено, па целиот комплекс се претвори во вистински спортски локалитет, достапен за секој вљубеник во спортот. Второто повеќенаменско игралиште беше отворено во дворот на ПОУ Кузман Јосифовски Питу во населбата Црниче. Денешното отпочнување на градежни активности за изградба ново тениско игралиште, говори дека заедничката посветена работа продолжува. Посебно ми е драго што овој настан е, на некој начин, симболично отпочнување на одбележувањето на јубилејната 60та годишнина од постоењето на општина Кисела Вода, која е во понеделник-изјави градоначалникот Белчанец-Алексиќ.

Инаку, тениското игралиште во населба Драчево е со димензии од околу 840 м2. Теренот ќе биде изработен од т.н. „тврда“ подлога, акрилен слој со гумиран  гранулат, согласно стандардите на меѓународната тениска федерација. Ќе биде оградено и осветлено со канделабри со метал халогена сијалица. Фирмата која ќе го изведува е  „Конструктор Рената“ од Скопје.

-Верувам дека по изградбата, ова игралиште ќе претставува вистинска поддршка за младите луѓе кои сакаат да спортуваат, но и за сите оние кои се вљубеници во белиот спорт, потенцираше, Беличанец – Алексиќ.

 Инвестицијата е вредна 6,2 милиони денари, а градежните работи се очекува да финализираат за нешто помалку од 4 месеци.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa