Новости
На 40-тата седница на Советот на општина Кисела Вода која се одржа денеска 27.04..2016 година, беа усвоени следните точки:
Повеќе: Советот на општина Кисела Вода ја одржa 40-та пленарна седница
И оваа година, општина Кисела Вода во соработка со Основното Училиште за возрасни “Антон Семјонович-Макаренко” организира вечерна настава за лицата кои поради определени причини го прекинале образованието или воопшто не се образувале. Програмата која во следната учебна година треба да овозможи описменување и дооформување на образованието, ќе се реализира преку Секторот за локален економски развој на општина Кисела Вода.
Ве известуваме дека четириесеттата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 31 мај 2016 година (вторник) со почеток во 11,00 часот.
-Усвојување на Записникот од 39-та пленарна седница на советот:
1.Квартални извештаи К1,К2 и К3 за првиот квартал од 2016 година – К1-кваратлен извештај за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2016 година до 31.03.2016 година; -К2-квартален извештај за достасани ненамирени обврски на Општина Кисела Вода, -К3-квартален извештај за промените на состојбата за секое задолжување на општините и јавните претпријатија основани од општините;
2.Предлог-Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на Општина Кисела Вода во 2016 година; со
-Акционен план за спроведување на активностите од Програмата за спроведување на општи мерки за заштита од заразни болести на теиторијата на Општина Кисела Вода за 2016 година;
3.Предлог-Одлука за донесување на ДУП Градски четврт Ј20, блок 01 Општина Кисела Вода – Скопје, плански период 2015-2020;
4.Советнички прашања
Седницата ќе се одржи во Големата сала во барака 7.
Ваучери за новите 55 жители на овој дел од градот им додели општина Кисела Вода денес на нивните семејства. Со тоа бројот на доделени ваучери во вредност од 6000 денари, се искачи на 1446. Проектот е дел од програмата од социјална сфера на општината и ќе се спроведува до истекот на мандатот на градоначалникот Беличанец-Алексиќ.
Повеќе: Општина Кисела Вода додели 55 нови ваучери за новороденчиња
По 6ти пат, во ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов‘‘, со поддршка од општина Кисела Вода, денес се одржа манифестацијата “Јас сум талент во моето училиште”.