Новости
Денеска заврши турнирот во кошарка, што е дел од спортската програма на општина Кисела Вода по повод патрониот празник ,,Ѓурѓовден“.
Општина Кисела Вода, согласно добиените информации од Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје, ги известува сите учесници во сообраќајот дека денес, 03.05.2016 година (вторник) од 13 до 20 часот, поради градежни активности на објект на булеварот Борис Трајковски ќе биде воведен времен сообраќаен режим. Една сообраќајна лента од булеварот Борис Трајковски во близина на автобуската постојка кај објектот во градба (што се наоѓа на местото на старата фабрика за сапуни „Цветан Димов“) ќе биде означена со соодветна сообраќајна сигнализација и ќе биде воведен времен сообраќаен режим и тоа во насока на движење од Кисела Вода кон Центар, а ќе важи до завршување на градежните активности.
ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно прилагодувајќи ја својата брзина на движење според условите на патот особено кога се движат кон овој потег.
На сите православни верници, општина Кисела Вода им ги честита Велигденските празници со желби за здравје, радост, среќа и бериќет во секое семејство. Нека овие празнични денови, во кои ја славиме победата на животот над смртта, ви минат во мир, спокој и хармонија.
Христос воскресна! Честит Велигден!
Машката ракометна екипа на основното училиште ,,Климент Охридски“ е победник на турнирот ,,Ѓурѓовден 2016“, што е во организација на општината Кисела Вода, а под покровителство на градоначалникот Билјана Беличанец Алексиќ.
Повеќе: ОУ „Климент Охридски“ победници во машкиот ракометен турнир
Денес учениците од сите основни училишта во општина Кисела Вода беа во посета на Саемот за книга кој се одржа во СЕПУГС “Васил Антевски-Дрен”. Настанот се одржа во организација на ова средно училиште и општина Кисела Вода.
Повеќе: Основците од Кисела Вода на саем на книга во СЕПУГС "Васил Антевски-Дрен"