Новости
Како изгледа еден работен ден на занаетчија? Што значи да се биде чевлар, молер, електричар, кујунџија? Учениците од осмо и деветто одделение од училиштата во општина Кисела Вода денес организирано, преку Секторот за локален економски развој при општината, посетија повеќе дуќани каде се уште се негува традиционалниот начин на изработка на производите.
Повеќе: Деветоодделенците од општина Кисела Вода изворно учеа за занаетчиството
45 ваучери за новороденчиња денес додели општина Кисела Вода. Од нив 24 беа за машки, а 21 за новородени женски дечиња. Со тоа бројот на ваучери со еднократна парична помош кои оваа локална самоуправа редовно ги доделува за своите нови жители се искачи на 1391.
Повеќе: Општина Кисела Вода додели уште 45 ваучери за новороденчиња
Градоначалникот на општина Кисела Вода, постојаниот претставник на на Програмата за развој на Обединетите нации и генералниот извршен директор на Цементарница УСЈЕ АД Скопје, денес ја означија финализацијата на проектот за енергетска обнова на ООУ “Круме Кепески”. Истиот, во текот на изминатиот период се одвиваше преку Секторот за локален економски развој при општина Кисела Вода и опфати замена на постојните со нови прозори, изведба на нова фасадна топлинска изолација, замена на постојниот кровен покрив и топлинска изолација на кровната плоча.
Денес фудбалерите на младинската екипа на ФК„Вардар“ во соработка со општина Кисела Вода и со основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ им приредија убаво изненадување на учениците од истото.
Се уредуваат тревните површини во општина Кисела Вода. Преку Секторот за Месна самоуправа и соработка со невладин сектор при општина Кисела Вода, во изминативе две седмици се превземени активности за косење на нараснатата трева на целата територија на општината.
Повеќе: Акција за уредување на тревните површини во општина Кисела Вода