Новости
На 38-тата седница на Советот на општина Кисела Вода која се одржа денеска 11.03.2016 година, беа усвоени следните точки:
Повеќе: Советот на општина Кисела Вода ја одржa 38-та пленарна седница
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска заедно со градоначалничката на Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ денеска извршија увид на градежните работи на објектот на старото кино во Кисела Вода кој се реконструира и адаптира во нов мултифункционален објект Дом на култура. Градежните работи се во завршна фаза.
Ве известуваме дека триесет и осмата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 11 март 2016 година (петок) со почеток во 11:00 часот.
Повеќе: Советот на општина Кисела Вода ќе ја одржи 38-та пленарна седница
Денес во големата сала во општина Кисела Вода градоначалникот Билјана Беличанец –Алексиќ додели 52 ваучери во износ од 6000 илјади денари за новородените бебиња во општината. Бројот на семејства кои досега ја искористиле еднократната парична помош се искачи на 1364.
Повеќе: Градоначалникот на општина Кисела Вода Беличанец-Алексиќ додели 52 ваучери за новороденчиња
“Современите аспекти на лидерството во образовните институции – генерациските разлики и подготвеноста за промени” беше темата на предавањето кое денес се одржа во Големата сала на општина Кисела Вода во организација на Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт при оваа локална самоуправа.