Новости
“Современите аспекти на лидерството во образовните институции – генерациските разлики и подготвеноста за промени” беше темата на предавањето кое денес се одржа во Големата сала на општина Кисела Вода во организација на Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт при оваа локална самоуправа. На обуката учество зедоа директори, стручни соработници и наставници од училиштата од овој дел на градот. Тие се едуцираа за предизвиците на менаџментот и лидерството во воспитно-образовните организации и современите аспекти на лидерството во воспитно-образовните организации. Предавањата кои се бесплатни, ги реализира професор д-р Константин Петковски.
По повод празникот на жената 8 Март и одбележувањето на 36 годишниот јубилеј на ЈДГ „8 Март“, од општина Кисела Вода, во објектите на истата, со помош на децата и родителите се одржаа креативни работилници, наречени „Подарок за мојата мама“. На работилниците дечињата заедно со своите родители изработија бројни подароци и честитки за своите мајки.
Општина Кисела Вода на сите жени им го честита 8 Март, Mеѓународниот ден на жената, преку кој се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. На овој ден се сеќаваме на почетокот на движењето за поддршка на правата на жените и даваме поддршка за нивното учество во донесувањето одлуки во општественото живеење. Овој ден е и ден за споменување на храброста и одлучноста на многу, навидум, обични жени кои одиграле извонредна и несекојдневна улога во глобалната историја.
Интерактивен час по музичко образование се одржа во ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“. Проектот кој е предвиден со наставниот план и програма се одржа во соработка со средното музичко училиште „Илија Николовски - Луј“.
Повеќе: Интерактивен час по музичко образование во ООУ „Кузман Јосифовски – Питу
Честитки за осми март заеднички изработија учениците од ООУ„Кирил Пејчиновиќ“ и од ПОУ„Д-р Златан Сремац“-Кисела Вода. Работилницата која траеше во текот на вчерашниот ден им овозможи на дечињата од двете училишта да ја искажат својата креативност, да споделат идеи, но и да се дружат и забавуваат, творејќи во чест на нивните мајки, баби, учителки и жените кои се важен дел од нивниот свет. Се работи за веќе традиционална соработка помеѓу двете образовни институции, која има за цел со активности и содржини да го збогати образовниот процес на учениците, паралелно подигнувајќи го нивото на социјална интеракција.